Реал Мадрид одлучи дека нема да направат чест на Барселона, ако тоа биде потребно

Реал Мадрид е елиминиран од Лига на шампиони, па сега единствената надеж да освои пехар сезонава е првенството на Шпанија. Сепак, Кралскиот клуб и во оваа трка е во заостанување, има девет бодови помалку од Барселона и тоа на седум кола до крајот.

Најголемите ривали во Шпанија ќе играат меѓусебе и тоа на „Камп ноу“ во рамките од 35. коло. Иако има уште мнгоу до тој меч, веќе започнаа калкулациите дали може да се случи Барселона да има доволен број бодови преднсот во однос на Реал Мадрид, па кога Кралевите ќе гостуваат на „Камп ноу“, гостите да треба да им честитаат шампионска титула на каталонците.

Како што пренесува „El Chiringuito TV“, во Реал Мадрид веќе донеле одлука дека доколку се случи Барселона да биде првак непосредно пред вечното дерби, фудбалерите на мадридскиот тим решиле дека нема да прават „шпалир“, односно да им приредат шампионски дочек на каталонците.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести