На Алегри му кажаа дека останува тренер на Јуве, па „згрме“: Не е проблем во тактиката, туку немаме срце!

Врзаните порази од Милан и Макаби Хаифа, како и константниот притисок од навивачите за смена на тренерот Масимилијано Алегри, не го сменија ставот на раководството на Старата дама.

Алегри останува на клупата, потврди претседателот Андреа Ањели, кој додаде дека тренерот не е виновен што играчите немале ниту еден лизгачки старт на терен и ги губеле дуелите.

Тренерот Алегри по вечерашниот пораз од Макаби, рече дека проблемот не е кај него, туку кај играчите.

„Не е проблемот во тактиката, ни фалат срце и желба за надигрување. Не сум задоволен од односот и карактерот што го покажуваме. Многу играме индивидуално, мора да почнеме да играме како тим“, рече Алегри.

- Оглас -

Најнови вести