На Азар „му тежи“ дресот на Реал и затоа не игра како во Челзи

Реал Мадрид конечно ја прекина доминацијата на Барселона и Кралскиот клуб се радуваше на титулата во Примера дивисион. Тоа што е лошото во целата ситуација од изминатава сезона е фактот дека најскапото засилување, Еден Азар едноставно делуваше изгубено и не помогна многу во походот до тронот.

Азар дојде на „Сантијаго Бернабеу“ за трансфер вреден 100 милиони евра од редовите на Челзи. Како играч на Челзи во седум сезони, Азар даде 110 голови, а одигра 352 меча. Откако се пресели во Мадрид, Азар како да не е истиот играч. Белгискиот репрезентативец одигра само 21 меч во сите натпреварувања, а учинокот му е прескромен, односно само еден погодок сезонава.

Некогашниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Канаваро има свое објаснување за лошата игра на Азар.

„Тој не е истиот фудбалер како што беше во Челзи. Освен што често се повредува, едноставно не може да се адаптира. Секогаш сум сметал дека е одличен играч, но очигледно е дека сезонава многу му тежеше дресот на Реал Мадрид. Сигурен сум дека во следната сезона ќе биде многу подобар“, вели Капело кој како тренер на Реал има две титули во првенството на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести