На Баерн му беше доволен еден гол против Милан, Атлетико на пенали против аутсајдерот (Видео)

Милан загуби од Баерн Минхен со 1:0 во меч од Интернационалниот Куп на шампиони, во кој на клупата на Росонерите дебитираше Марко Џампаоло. Тренерот дојде кај Росонерите од тимот на Сампдорија и сега за првпат беше на чело на некогашниот италијански и европски гигант.

Иако Баерн беше голем фаворит, Милан не се посрамоти. Единствениот гол кој се покажа како доволен за победа на германскиот првак го даде Леон Горецка во последната минута од првото полувреме.

https://youtu.be/3cnrKybJrdI

Атлетико Мадрид се намачи и на крајот мораше да шутира пенали за да го победи тимот на Гвадалахара од Мексико. Јорганџиите одиграа неубедлив меч против екипа која има загубено на 13 од последните 15 натпревари што ги одигра.

Иако по 90 минути немаше голови, двата тима останаа со играч помалку. Љоренте доби директен црвен картон уште во 24-тата минута, а потоа во 61-тата минута беше исклучен и играчот на Гвадалахара, Виланова.

Во пенал-рулетот, Мексиканците пропуштија голема шанса за победа. Тие ги погодија првите четири пенали, а Атлетико еднаш утна, па во петтата серија Белтран Груз само требаше да погоди и неговиот тим ќе победеше. Сепак, тој утна и даде шанса која Атлетико ја искористи. Во шестата серија, повторно утна играчот на Гвадалахара, а Санабрија беше прецизен за Атлетико и тоа беше доволно за победа на мадриѓани.

https://youtu.be/yJqEFvEGSrs

Попладнево, од 13:30 часот во Интерконтинеталниот куп ќе играат Јувентус и Интер, а целата понуда за овој меч ја има на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести