Најголемото дерби во Германија, дуелот меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, денеска ќе ја има 120-тата епизода. На „Алијанц Арена“ во Минхен, Баерн е фаворит, но и под притисок дека мора да победи, ако сака да се искачи на челната позиција во Бундес лигата.
Борусија моментно е лидер со два бода повеќе од големиот ривал и главна цел за „милионерите“ ќе биде да не загубат. Ако се гледа традицијата, тоа е и многу веројатно. Тренерот на Баерн, Нико Ковач, никогаш нема победено против Борусија Дортмунд. Хрватот како стратег на Ајнтрахт имал четири меча и претрпел три порази, а еднаш ремизирал. Сезонава, од клупата на Баерн, Ковач загуби на гости кај Борусија со 2:3.
Едноставно традицијата е на страната на Борусија, но Ковач најави дека конечно ќе направи победничка тактика, која треба да го одведе Баерн како лидер во трката за титулата во германското првенство.
Кога играат овие две екипи, секогаш се очекува отворен фудбал со многу голови. Така беше на последните седум меѓусебни средби, кога секогаш било 3+. Дури шест пати имало и по четири погодоци, а на шест меча било и ГГ3+. Ако сте љубители на овие игри, дербито во Бундеслигата би требало да биде одлична шанса за добивка во Sport Life обложувалниците.