Немаше резултатска неизвесност на реванш-дуелот од Лигата на конференции меѓу Марибор и Фенербахче и на крајот гостите победија со 3:0. Дуелот на „Људски врт“ во Марибор беше прекинат во средината на второто полувреме и тоа поради нередите кои ги направија навивачите на двата клуба.
Се играше 65-тата минута кога ненадејно, дел од гостинските навивачи ја прескокнаа оградата и буквално дојдоа до теренот, од каде што поминаа до местото каде што беа домашните симпатизери.
Веднаш започнаа нереди, мораше да реагира и полицијата, а судијата го прекина мечот. Речиси половина час траеше прекинот, а, за среќа, ситуацијата беше ставена под контрола, а мечот продолжи.
Müsabaka, oluşan tribün olayları sebebiyle duraklatıldı. pic.twitter.com/GQhl3Pam2E
— S Sport Plus (@ssportplustr) August 17, 2023