На Балканот се најјаките фрлачи на ѓуле – Хрватот Михаљевиќ е европски првак, Србинот Синанчевиќ освои сребро

Балканот доминира во атлетската категорија фрлање ѓуле во машка конкуренција, која е една од најтешките кај кралицата на спортовите, а двете први места на европското првенство во Минхен ги освоија двајца натпреварувачи од просторите на поранешна Југославија.

Нов европски првак е Хрватот Филип Михаљевиќ со далечина од 21 метар и 88 сантиметри, што е најдобро фрлање во оваа година.

Михаљевиќ имаше дури пет фрлања во финалето над 21 метар од шест обиди и за првпат е владетел на Стариот Континент.

Веднаш зад него се пласира Србинот Армин Синанчевиќ со најдобро фрлање од 21.39, сосема доволно за сребрен медал.

На победничкиот подиум имаше место и за Чехот Томаш Станек, кој освои бронзен медал со далечина од 21,26 метри.

- Оглас -

Најнови вести