Барселона е на чекор од освојување на титулата во шпанското првенство откако синоќа победи со 1:0 против Осасуна, а Реал Мадрид загуби со 2:0 на гости кај Реал Сосиедад. На пет кола до крајот, каталонскиот гигант има дури 14 бода повеќе од вечниот ривал, што значи дека уште во следното коло може да се радува на трофејот.
Во последната победа над Осасуна, Барселона само потврди дека одбраната е нивниот најдобар дел и дури 25-ти пат сезонава успеа да не прими гол. Голманот Марк-Андре тер Штеген блеска, но до крајот на првенството останува еден предизвик, а тоа е да се стигне рекордот на Депортиво Ла Коруња.
Некогашниот примералигаш Депортиво ла Коруња е рекордер не само во шпанското првенство туку и во Топ 5 лигите откако во сезоната 1993/1994 не прими гол на 26 натпревари.
Зад Ла Коруња е Челзи со 25 натпревари без примен гол во сезоната 2004/2005, а сега со тој подвиг може да се пофали и Барселона. До крајот на шампионатот во Шпанија има уште пет меча, во кои доколку Барселона успее барем на два да ја сочува својата мрежа, ќе постави апсолутен рекорд во Топ 5 лигите.
25 – Teams with the most clean sheets in a single season in LaLiga, Premier League, Bundesliga and Serie A:
🇪🇸 Deportivo La Coruna – 26 in 1993/94.
🏴 Chelsea – 25 in 2004/05
🇪🇸 FC BARCELONA – 25 in 2022/23Historical. pic.twitter.com/RjdDWt2LWs
— OptaJose (@OptaJose) May 2, 2023

