На Барселона ова ѝ се нема случено во последните 43 години!

По првиот дел од сезоната во шпанското првенство, Барселона ќе помине како лидер на табелата. Ова е јасно откако каталонскиот гигант по 18 одиграни меча освои 47 бода, а најголемиот ривал Реал Мадрид е втор со пет бода заостанување.

Првото место во Примера, Барселона најмногу го заслужи благодарение на одличната одбрана што ја има. Во досегашниот дел од сезоната, тимот на Чави Ернандес прими само шест гола (во просек прима по еден гол на секои три меча). Добрата одбрана беше главен адут и на последните три меча, кога Барселона на гости со 1:0 го победи Атлетико Мадрид, потоа со 1:0 славеше и на Хетафе на „Камп ноу“, а викендов доволно им беше да постигнат еден гол и против Жирона за да стигнат до победа.

Ова е првпат во последните 43 години Барселона на три меча во низа да победува со резултат од 1:0. Тоа последен пат ѝ се имаше случено во април 1980 година, кога со по 1:0 ги победуваше Атлетико Мадрид, Лас Палмас и Атлетик Билбао.

- Оглас -

Најнови вести