На бизарен начин влезе во историјата на УФЦ: Победи без ниту еднаш да го удри противникот (вознемирувачко видео)

Искусниот ММА борец Крис Вајдман доживеа страшна повреда во борбата против Уријах Хал. Од самиот старт на борбата, Вајдман тргна во напад и сакаше со лоу-кик да го нападне противникот.

Сепак, наместо напад, ударот на Вајдман заврши фатално по самиот него. Хал добро беше поставен, а Вајдман од силината на ударот си ја скрши ногата и борбата заврши по само 17 секунди. И победникот Хал беше вознемирен од глетката и воопшто не му беше до слајве за победата.

Хал на овој начин стана првиот борец во историјата на УФЦ кој успеал да добие борба, без ниту еднаш да му зададе удар на противникот.

 

- Оглас -

Најнови вести