На Чоло малиот ги начека Лацијалите на волеј, ама Орлите на крајот покажаа канџи (Видео)

Лацио победи со 2-1 во луд натпревар кај Калјари, во единствениот меч од италијанската Серија А одигран денеска.

Џовани Симеоне со гол во осмата минута му донесе водство на Калјари над Лацио од 1-0 и потврди дека Калјари не случајно има одлична позитивна низа во Серија А. Но, откако поминаа 90-те минути, судијата покажа седум минути екстра време и Лацијалите тоа максимално го искористија. Најпрвин израмнија во 93-тата минута, стрелец беше Луис Алберто, а Фелипе Каиседо погоди за победа во 98-мата минута.

Калјари немаше пораз уште од 1 септември и сега е петти на табелата (позиција на која ако остане, би играл во Лигата на Европа во следната сезона) со десет бода помалку од Интер и Јувентус, додека Лацио е само на три бода зад водечкиот дует.

Лацио има убава серија од 11 натпревари по ред без пораз против Калјари, а островјаните треба да жалат што за малку не ја прекинаа црната низа.

Ова е голот на Симеоне за Калјари:

https://www.youtube.com/watch?v=CvJDLdYR_PE

- Оглас -

Најнови вести