На чуден начин, но Рома и Интер конечно ја договорија размената

Матео Политано конечно пристигна во Рим за да го обелече дресот на Рома, додека Леонардо Спинацола ќе биде нов играч на Интер, откако двата италијански калчолигаши ја договорија размената. Двата тима најпрво се договорија за размена, но потоа неочекувано дојде абер од Милано дека работата ќе се стопира.

Во Интер барале Спинацола да одработи дополнителни лекарски прегледи, затоа што тоа е играч кој често се повредува, но наводно римјаните одбиле. Сепак, двата тима на крајот се договориле и тоа под интересни услови. Политано и Спинацола ќе бидат дадени на позајмица до право на откуп на договорот, но под еден услов. Секој од играчите треба да има одиграно барем 15 меча во пролетниот дел, за да може да се активира клаузулата.

Двајцата  играчи моментно се проценети на 28 милиони евра, што значи дека ако двата клуба се задоволни од новите играчи, тоа моѓе да биде класична размена за постојано.

 

- Оглас -

Најнови вести