На Де Хеа му се насмевнува враќање во шпанското првенство

Речиси три месеци Давид де Хеа е без клуб. По завршувањето на минатата сезона, шпанскиот голман го напушти Манчестер јунајтед, а малкумина очекуваа дека Де Хеа нема да може да си најде нов клуб.

Со Де Хеа преговараа од Севиља, Баерн Минхен, како и неколку клубови од Саудиска Арабија, но договор уште нема. Според шпанските медиуми, Бетис е подготвен да му понуди договор на искусниот 32-годишен голман. Оваа одлука на Бетис доаѓа поради фактот дека нивниот прв голман Клаудио Браво е во последната година од договорот, па Де Хеа би бил одлична замена за него.

Де Хеа помина 12 години во Манчестер јунајтед. Одигра вкупно 545 меча за Црвените ѓаволи, а беше член и на последната генерација на англискиот гигант што ја освои Премиер лигата во 2013 година.

- Оглас -

Најнови вести