На денот посветен на Мартин Лутер Кинг – Џејсон Тејтум даде 51 поен, а Холидеј ја презеде улогата на Јанис (Видео)

Во САД, на 16 јануари традиционално се одбележува денот посветен на Мартин Лутер Кинг и поради тоа во НБА се играат натпревари кои започнуваат порано од вообичаеното, а првиот натпревар помина во знакот на кошаркарот на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум.

Бостон славеше со 130:118 против Шарлот хорнетс, а Тејтум постигна дури 51 поен притоа давајќи седум тројки од 12 шута.

Вториот меч помина во знакот на бекот на Милвоки бакс, Џру Холидеј. Во отсуство на првата ѕвезда Јанис Адетокумбо, Холидеј го предводеше Милвоки во победата од 132:119 над Индијана пејсерс. Тој оствари дабл-дабл од 35 поени и 11 асистенции, додека кај Индијана се истакнаа Мајлс Тарнер со 30 поени и Ти Џеј Меконел со 29 постигнати поени.

Донован Мичел „си зеде одмор“ во победата на Кливленд над Њу Орлеанс од 113:103, постигнувајќи само 11 поени, и улогата на прв реализатор му ја препушти на Дариус Гарланд, кој даде 30 поени и имаше 11 асистенции.

Со враќањето на Стеф Кари по повредата, се вратија и победите за шампионот Голден стејт вориорс. Воините со 127:118 славеа на гостувањето кај Вашингтон визардс, а Кари беше најдобар на теренот со 41 постигнат поен, притоа погодувајќи шест тројки од 11 обиди. Одличен беше и Џордан Пул со 32 поени.

- Оглас -

Најнови вести