3003 Милан – Емполи (18.00 часот)
После две ремија по ред, можеби е време Милан повторно да победи, но против себе има тим кој е на само три бода зад Росонерите кои имаат и еден меч помалку. Емполи е мајстор за ремија, има дури седум нерешени мечеви сезонава во 13 меча. Емполи е втор најнеефикасен тим во лигата после Лече, но има и помал број на примени голови во споредба со Милан. Последните три лигашки дуели на Милан и Емполи на „Сан Сиро“ биле сиромашни со голови, и завршувале или 0-0 или со 1-0 за домашните. Емполи последен пат дал гол во Милано во 2017 година кога победи со 2-1.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.14)
1006 Вест Хем – Арсенал (18.30 часот)
Ова е дуел на два лондонски тима кои во последните три кола имаа по еден пораз, реми и победа, а победуваа во минатото коло. Арсенал е во битка за место во ЛШ, а Вест Хем со добрите резултати во последно време излегува од опасната зона. Во февруари кога Арсенал последен пат му гостуваше на Вест Хем, Топчиите победија со дури 6-0, Вест Хем пет години нема домашна лигашка победа над Арсенал.
Предлог тип: ГГ & 3+ (2.26)
1807 Б. Дортмунд – Баерн (18.30 часот)
Баварците во овој Дер Класикер влегуваат со голема предност од 10 бодови во однос на Борусија. Баерн не знае за пораз сезонава во Бундеслигата, а во просек дава повеќе од три гола по меч, а прима помалку од еден. Борусија ги доби сите домашни мечеви сезонава, а дава по два гола на меч во просек, па статистички, би требало да биде ефикасно. Во минатата сезона, Баерн победи во Дортмунд со 4-0. Навивачите во Дортмунд шест години чекаат да видат победа над најтрофејниот германски клуб на својот стадион.
Предлог тип: 2 & 2-5 (2.21)
1704 ПСЖ – Нант (21.00 часот)
Тука сите показатели укажуваат дека победата на домашните е неизбежна. ПСЖ е лидер на француската лига, нема пораз, оди сигурно кон нова титула, а во просек дава по три гола по меч. Нант има серија од четири порази по ред, на сите тие четири меча примаше барем по два гола, и загрозен е од испаѓање. ПСЖ има серија од пет меча по ред против Нант на кои дава два или повеќе голови. Последното реми помеѓу овие клубови било пред дури 18 години.
Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.82)
1305 Валјадолид – Атлетико М. (21.00 часот)
На овој натпревар изненадување би било ако домашните постигнат гол. Валјадолид е последен на табелата и има дадено само 10 гола на 14 меча. Атлетико ја има најцврстата одбрана со примени 8 гола во 14 кола. Во предминатата сезона кога играа последен пат меѓусебе, Атлетико на Валјадолид на двата меча му даде вкупно 8 голови. Јоганџиите не загубиле на „Хозе Зорилја“ уште од 2008 година.
Предлог тип: 2 & 2-4 (2.18)