Помалку од 24 часа остануваат да типувате во 15-тото коло на Спортската прогноза на Sport Life. Досега над 1.500 прогнозери ги дадоа своите фиксови, а интересно е дека на седум од понудените 13 дуели се издвојуваат фаворизирани екипи, со над 60 отсто шанси да победат.
Во Манчестер се игра дербито меѓу Јунајтед и Сити, а речиси 75 отсто чекаат победа на гостите. Слично е и за победа на Баер Леверкузен, кој гостува кај Хофенхајм. Над 60 отсто шанси за победа им се дава и на екипите на Келн против Мајнц, Лидс против Фулам, потоа на Болоња во пресметката со Фиорентина, како и Нант на свој терен против Париз. Како најголема сигурица се смета победа на Селта Виго против Рајо Валјекано бидејќи дури 84 отсто чекаат „кец“.
Како во секое коло, така и во ова, главен приоритет на сите прогнозери е да се обидат да стигнат до Среќна 13-ка, односно да ги погодат сите 13 фиксови. За таква перфекција на подарок се добива iPhone 16.
За 12 погодени натпревари следува вредносен ваучер од 1.000 денари, додека 11-ката вреди ваучер од 500 денари.


