На двете екипи им треба бод, дали ќе заврши нерешено?

Милан – Болоња (20:30 ч.)

Некогашниот европски првак мака мачи да дојде до позиција која води до излез во Европа. Со победа против Болоња, „росонерите“ ќе бидат на позиција за во Лигата на Европа, но тие сигурно мечтаат за влез во Лигата на шампионите.

Болоња е во добра форма и на последните четири меча има три победи и едно реми, што беше доволно да избега од зоната за испаѓање. На пет од последните шест меѓусебни дуели, Милан се радувал, а еден меч е без голови.

Домаќините ќе бидат без повредените Бонавентура, Калабрија и Калдара, а Ромањоли е суспендиран поради црвен картон, но сепак се фаворити.

Предлог тип: 1&2-4 (2.60) – квота на денот во Sport Life

 

Трабзонспор – Кајзери (19:30 ч.)

Домаќините имаат обезбедено излез во Европа, додека гостите теоретски уште не се сигурни од испаѓање. Трабзонспор е еден од посигурните домаќини и има 10 победи во 15 средби, но и Кајзери знае да изненади на гости.

Фактот дека на гостите им се повеќе потребни бодовите, може да биде најава за „мина“ иако домаќинот е голем фаворит. Двете екипи сакаат да играат офанзивно, па може да се очекува погодоци од двете страни.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.90) – квота на денот во Sport Life

 

 

Манчестер сити – Лестер (21 ч.)

Нема дилеми, актуелниот првак е апсолутен фаворит. „Граѓаните“ не размислуваат на ништо друго освен на победа која ќе ги однесе на врвот во Премиер лигата. Сепак, Лестер е еден од оние клубови кои може да се пофали дека во последните девет меѓусебни средби со Сити има три победи и три нерешени. Есеноска Лестер победи со 2-1, но сега друг е влогот.

Од последните осум меѓусебни меча, на шест се случувало и двата тима да дадат гол, па и сега се очекува отворен меч. Сити секако ќе нападне од стартот, но брзите контри на „лисиците“ може да бидат изненадување за домаќините.

Предлог тип: T11+&2+II (2.55) – квота на денот во Sport Life

 

Гројтер Фирт – Келн (20:30 ч.)

Келн беше убедлив лидер во Втората Бундеслига, но во последните четири кола претрпе два порази и одигра две нерешени, па затоа уште не е сигурен патник во елитата за следната сезона. На гостите им треба само уште еден бод и ќе може да слават влез во највисок ранг. Интересно е што и на домаќините им треба бод за да бидат сигурни дека нема да испаднат.

Често пати се случувало во вакви ситуации мечот да заврши и нерешено, на задоволство на двете екипи. Гројтер Фирт сезонава е и специјалист за реми, веќе има 11 нерешени. Дури и ако се погледнат меѓусебните дуели, ремито е најреална опција, бидејќи на четири од последните пет дуели немало победник. Затоа веруваме во „икс“.

Предлог тип: Х (3.85)

 

Фоџа – Перуџа (20:30 ч.)

Домаќините се во незавидна ситуација бидејќи се на позиција која директно ги носи во Серија Ц, но имаат шанси за спас. Перуџа има можност да стигне до осмото место и да се обиде во плејофот за влез во Серија А да направи изненадување, но тешко дека има сили за такво нешто.

Гостите се и во лоша серија и шест кола немаа победа, па иако Фоџа е во опасна зона, денеска е во улога на фаворит.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.76)

 

- Оглас -

Најнови вести