На еден од најатрактивните забивачи во историјата на НБА му се заканува затвор

Против поранешниот НБА кошаркар, Шон Кемп, е покренато обвинение поради пукање од огнено оружје. Еден од најдобрите забивачи и најатрактивните кошаркари во историјата на НБА, на 8-ми март годинава пред трговски центар во Такома, пукал во возило во движење.

За среќа, возачот во возилото не бил повреден иако еден истрелан куршум го погодил автомобилот, а останатите два го промашиле.

Според адвокатите на Кемп, тој пред да истрела три куршуми, приметил дека некој му го украл телефонот кој успеал да го лоцира и потоа пукал во автомобилот во кој мислел дека се наоѓа неговиот мобилен телефон.

Првото сослушување на 53-годишниот Кемп е закажано за 4-ти мај, а доколку биде прогласен за виновен, се соочува со затворска казна од две до 20 години.

Шон Кемп во НБА настапуваше за екипите на Кливленд кавалирс, Сиетл суперсоникс и Портланд треилблејзерс, пред да ја заврши кариерата во Орландо меџик. Има шест настапи на Ол стар натпреварите и златен медал од Светско првенство со селекцијата на САД, а навивачите највеќе го паметат по неговите атрактивни забивања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести