Ливерпул остана без три бода поради контроверзната одлука на ВАР да се поништи голот на Мане во третата минута од судиското надополнување во градското дерби против Евертон, но тоа како да не беше доволно голема главоболка за Јирген Клоп, сега мора да се грижи за здравјето на двајца клучни играчи.
Избраниците на Карло Анчелоти беа прилично остри во средбата, па безмилосно стартуваа врз противниците. Поради судир со голманот Пикфорд кој избегна најстрога казна, Вирџил Ван Дајк се здоби со болки во коленото и заврши на прегледи.
Тијаго исто така ќе мора да дополнителна проверка откако и тој се пожали на повреда на коленото, по непромислениот старт на Ричарлисон, кој пак доби црвен поради потегот.
Се чекаат резултати од прегледите, по што Клоп ќе знае дали ќе може да смета на двете ѕвезди да гостувањето кај Ајакс во првото коло од Лигата шампионите, дуел кој е закажан за 21 октомври, поточно во среда.