На Фелипе Мело тешко му падна поразот од Сити, веднаш влезе во клинч со Вокер (Видео)

Поранешниот бразилски репрезентативец, Фелипе Мело, уште еднаш го потврди епитетот на лошо момче во фудбалот и по последниот свиреж на судијата на финалниот меч на Светското клупско првенство меѓу Манчестер сити и Флуминенсе (4:0) влезе во дуел со Граѓаните.

Тој влезе во клинч со дефанзивецот на Сити, Кајл Вокер, но за среќа, фудбалерите на двата тима веднаш спречија инцидент.

Бразилецот додека настапуваше во Европа предизвика неколку инциденти, а најпознати се тепачката со соиграчот од Галатасарај, Алберт Риера, како и кунг-фу ударот со кој кој го нокаутира играчот на Лацио, Лукас Биља.

 

 

- Оглас -

Најнови вести