На Финците не им се брза, се собираат на рати за Македонија – Во Скопје не доаѓа главната ѕвезда Тему Пуки (Фото)

Финскиот селектор Марку Канерва на интересен начин го објавува списокот со репрезентативци кои ќе играат против Македонија во Скопје на 17 ноември, а веќе е сигурно дека против нас нема да игра нивната најголема ѕвезда Тему Пуки.

Напаѓачот на Норвич е преморен според Канерва и заслужил одмор, па не е во составот со 21 играч што ќе конкурираат за настап на пријателскиот натпревар против Македонија.

Интересно е што Канерва на рати го објавува списокот и најави дека ќе повика уште петмина играчи како дополнителна конкуренција на веќе објавениот список со 21 фудбалер.

Мечот ќе се игра на 17 ноември на Арената „Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 18 часот.

Македонскиот селектор Благоја Милевски најави дека утре напладне ќе го објави списокот на репрезентативци што ќе играат против Финска на 17 ноември и против Азербејџан три дена подоцна исто така во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести