ЦСКА го победи Спартак со 3-1 во дербито на седмото коло од руската Премиер лига, а еден интересен момент на трибините го одбележа дуелот на двата најпопуларни московски клуба.
На трибините имаше и едно прасе, кое со своите раце го држеше навивач на Армејците. Навивачот имаше задоволство да гледа како неговиот тим води, а на крајот и победува, но испрати и провокација до ривалите.
Тука станува збор за навивачка симболика и идентификација. Навивачите на ЦСКА се поврзуваат со коњи, а оние на Спартак со свињи, па со држењето во раце мало прасе, Коњите сакаа да покажат дека ги имаат Свињите во раце. Сепак, навивачот рече дека не му е првпат да го носи прасето со себе на стадион, туку животното го смета за член на семејството од кој не се одвојува и дека ќе продолжи да го носи на стадион и кога нема да играат со Спартак.