На Грците им пукна филмот, по 7 месеци ја враќаат публиката на стадионите

Фудбалската федерација на Грција и Владата на нашиот јужен сосед донесоа одлука да има камбек на навивачите на фудбалските стадиони по 7 месеци пауза и фудбал без гледачи.

Притисокот на клубовите кои постојано бараа да се дозволи да има публика на трибините вроди со плод, а капацитетот ќе биде ограничен.

Дозволено е максимум до 3.500 гледачи на секој меч, или за стадионите со помал капацитет до 10 отсто од местата на фудбалската арена.

Во Грција се игра фудбал без гледачи од враќањето по прекинот во март поради пандемијата со корона-вирус.

Најавено е дека одлуката што барем малку ќе ги израдува навивачите ќе биде во полн погон од следното коло во грчкото првенство што ќе се игра следниот викенд.

Дозволата ќе важи и за мечевите на грчките екипи во еврокуповите, а Олимпијакос задутре против Марсеј во Лигата на шампионите и ПАОК еден ден подоцна против Омонија ќе имаат поддршка од трибините од 3.500 гледачи во Атина, односно во Солун.

 

- Оглас -

Најнови вести