На Интер не му помогнаа ниту хрватскиот фудбалер, Де Брујн и Вест Хем: Сити ги сруши сите традиции и го освои трофејот

Манчестер Сити успеа да стигне до првиот трофеј во Лигата на шампионите во своето финале, додека Интер третпат мора да се задоволи само со сребрениот медал.

Иако сите традиции беа на страната на Интер, сепак, клубот од Милано не успеа да стигне до трофејот во елитното натпреварување.

Прекината е низата од 10 трофеи по ред за екипите кои во своите редови имаат хрватски фудбалер, а синоќа во Истанбул само Интер имаше таков, Марсело Брозовиќ.

Екипата на Вест Хем својот единствен европски трофеј го освои во сезоната 1964/65, кога триумфираше во Купот на победниците на куповите. Истата сезона, екипата на Интер го освои Купот на шампионите, пандан на денешната Лига на шампиони. Оваа сезона Вест Хем повторно освои европски трофеј, но Интер не ја следеше традицијата да ја освојува Лигата на шампионите кога Вест Хем освојува некој европски куп.

И последната, веројатно и најстрашната традиција која не одеше во прилог на екипата на Манчестер Сити се случи после само 30-тина минути игра во синоќешното финале. Кевин де Брујн се повреди и мораше да биде заменет, а последен пат кога се случи такво нешто во финале на Лигата на шампионите, “граѓаните“ беа поразени од Челзи и останаа без трофејот во своето прво финале.

- Оглас -

Најнови вести