Италија одигра “само“ 1-1 на гостувањето во Македонија и остана два планирани бода во борбата за пласман на Европското првенство во Германија следната година. Гостите имаа големи забелешки за теренот на Националната арена “Тодор Проески“ во Скопје и тоа беше забелешка на место.
Сепак, италијанците имаат забелешки и за интерпретацијата на нивната химна пред почетокот на мечот, која ја изведе пејачката Барбара Поповиќ. Химната беше испеана “А капела“, без музика и тоа воопшто не им се допаднало на италијанците кои се прашуваат кој дозволил да се изведе нивната химна без музика.
Дел од коментарите велат: “Во Македонија музички веќе сме во негатива“, “Химната беше како караоке“ и “Ваквата изведба на химната е дипломатски скандал“.
И македонската химна, како и италијанската, беше изведена без музика.
На следниов линк може да го прочитате целиот текст на Кориере дело спорт, а италијанскиот весник објави и фотогалерија од пејачката Барбара Поповиќ.