На Јарците од Келн им се скрши филмот: Наивно е да веруваме во брз почеток на Бундеслигата

Биргер Ферстрате вели дека е наивно да се очекува брз почеток на Бундеслигата по случајот во неговиот клуб Келн со тројца заразени од ковид-19.

Популарните Јарци само што почнаа со тренинзи на отворено, им се случи шок и двајца фудбалери и супревизорот беа позитивни на тестот за корона-вирус.

„Можеби предолго бевме во карантин, па на бизарен начин ни се случи да имаме тројца членови на клубот со позитивен тест на ковид-19. Во вакви услови наивно е да очекуваме брз камбек на Бундеслигата. Сите сакаме да играме фудбал, но не во вакви услови. Па сите имавме контакт со соиграчите што имаат корона-вирус и можно е тоа да се повтори со нови случаи“, вели белгискиот интернационалец во Келн.

Бундеслигата требаше да продолжи на 9 мај, но сега и тоа е неизвесно, особено по случајот во Келн. На Јарците им се крши филмот со тројцата позитивни на ковид-19, но продолжија со тренинзи.

Можное Германците да почнат на 16 мај, а се очекува одлуката на канцеларката Ангела Меркел, односно на Владата на Германија и на здравствените власти кога и дали ќе продолжи сезоната 2019/20.

- Оглас -

Најнови вести