На Јунајтед црно му се пишува, Тен Хаг тргна по стапките на сонародникот Ван Гал

Манчестер јунајтед со домашен пораз под Брајтон (прва победа на Брајтон на „Олд Трафорд“) ја почна новата сезона во Премиерлигата, и тоа е многу лош знак за Црвените ѓаволи.

Новиот менаџер Ерик Тен Хаг, имаше неуспешно деби, а беше храбар и му покажа на Кристијано Роналдо кој е шеф, оставајќи го Португалецот на клупата за резерви на почетокот ја средбата. Тен Хаг рече дека е задоволен од Роналдо, и дека во наредното коло очекува да биде подготвен да игра повеќе минути.

Тен Хаг е првиот менаџер на Манчестер од Луј Ван Гал во август 2014 година, кој дебитирал со пораз на официјалните мечеви. Освен тоа, Јунајтед уште по првото коло може да се каже дека се прости од титулата.

Во историјата на Премиерлигата, откако се игра во сегашниот формат, не се случило некој тим да стане шампион после домашен пораз во прво коло од таа сезона. Последен тим кој станал првак на Англија после пораз во првото коло е Евертон во 1985 година.

 

- Оглас -

Најнови вести