На јутјуберот попаметно ќе му беше да не влегува во ринг, доживеа брутален нокдаун (Видео)

Во последно време, кај Јутјуберите популарно е да испробаат во боречки вештини, најпознат и најбогат меѓу нив е Џејк Пол, но не се сите така успешни како него.

Италијанската ѕвезда Алберто Фрати кој има многу следбеници на социјалните мрежи, пред две и пол години дебитираше како боксер и победи, а вчера ја имаше втората борба. Противник му беше Стефан Марковиќ кој е Србин од Босна и Херцеговина. Стефан имаше 13 порази во 13 борби, а вчера дојде до прва победа во кариерата и му покажа на Фрати дека местото не му е во рингот.

Иако падна со лице на под после бруталниот нокдаун, Фрати продолжи да боксува, но судиите победата му ја доделија на Марковиќ.

- Оглас -

Најнови вести