На кое ниво падна фудбалот кај нас? Шкендија се посрамоти, а првакот на Гибралтар победи со 5:0 и оди понатаму во ЛШ

Шкендија на убедлив начин ја освои титулата во македонското првенство, па делуваше дека тоа е тим кој отсконува со квалитетот во домашното првенство. Тетовци беа оптимистички настроени и пред двомечот со Мура, екипа која за првпат во историјата се радуваше на титулата во Словенија.

Тоа значи дека Шкендија е клуб со многу поголемо искуство и како екипа која ја имаше улогата на носител во овој двомеч, беше фаворит за поминување во следната фаза. Сепак, на терен ситуацијата беше поинаква. Во првиот меч, Мура даде гол само по 28 минути игра, кога Бобичанец погоди од пенал. Шкендија имаше шанса да израмни, но Ибраими промаши пенал во 45-тата минута. Во вториот дел Мура одигра сигурно во одбраната и не дозволи да биде затресена мрежата на гостите.

Дека победата на Мура во Скопје била само рутински одработување на гостување, се покажа вечерва. Мура одигра фантастичен меч пред своите навивачи, а Шкендија со „петарда“ и скината мрежа се врати од гостувањето во Словенија. Головите од мечот Мура – Шкендија може да ги видите ТУКА.

И додека македонскиот првак вечерва се посрамоти, шампионот на Гибралтар испиша историја, и тоа на убедлив начин. Екипата на Линколн одигра историски меч за нив и со 5:0 го победија првакот на Луксембург, тимот на Фола. Со оваа победа, Линколн се пласира во второто коло од квалификациите за ЛШ.

Резултати од досега завршените мечеви во ЛШ (со големи букви се екипите кои одат понатаму): Хибернијан – ФЛОРА 0:3, ЛИНКОЛН – Фола 5:0, Рига – МАЛМЕ 1:1, ТИРАСОЛ – Теута 1:0, Приштина – ФЕРЕНЦВАРОШ 1:3, Будуќност – ХЕЛСИНКИ 0:4.

- Оглас -

Најнови вести