На кого би му пишале вие? Обложувач побара Нуркиќ да му ги исплати парите затоа што тикетот му „падна“ за еден поен

Портланд го победи Хјустон со 110:102 во меч одигран рано утрово во НБА лигата. Тројца играчи беа предводници на Портланд, откако Лилард даде 21 поени, Меккалум имаше 20 поени, а Нуркиќ заврши со 18 поени и 19 скока. Токму босанскиот кошаркар кој беше доминантен под кошевите, се најде во центарот на вниманието во една необична приказна.

Нуркиќ даде 18 поени, што беше точно на границата која ја понудија за поени дел од светските обложувалници (18,5 поени). Тоа значи дека играчот на Портланд заврши „под границата“ за само еден поен, а тоа му „изгоре“ тикет на еден обложувач, кој реши јавно да се пожали, па дури и да побара кошаркарот да му ја исплати добивката што ја чекал на ливчето.

Обложувачот бил разочаран затоа што во последните секунди од мечот, Кармело Ентони ја имаше топката во свои раце, а Нуркиќ беше сам и слободен да реализира, но популарниот Мело реши сам да тргне на кошот и беше фаулиран. Доколку Кармело додадеше до Нуркиќ, босанскиот кошаркар ќе погодеше и ќе беше „над границата“ зададена во обложувалницата и тикетот ќе беше добитен.

„Здраво Нуркиќ. Те имав над 18,5 поени, а ти заврши со 18 поени. Те видов како ја бараш топката пред крајот на мечот. Беше отворен, но Мело не ти додаде и беше фаулиран и шутираше слободни фрлања. Ќе можеш ли да ми пратиш 75 долари?“, побара обложувачот кој остана без посакуваната добивка.

- Оглас -

Најнови вести