Кому му пречи македонското знаме? АО со инструкции до снимателите кои знамиња да не бидат снимани (Фото)

Македонската коалиција, односно Macedonian coalition од Австралија на социјалните мрежи објавува скандал на Отвореното првенство на Австралија. Имено, организаторот на турнирот на снимателите кои ги реализираат преносите од првиот гренслем-турнир во годината им поделил флаери со знамиња кои не треба да бидат снимани доколку се појават на трибините.

На флаерот со инструкции се знамињата на Палестина, Белорусија, Русија, Тајван, Израел и верувале или не – на Македонија. Освен државното знаме на Македонија, забрането е да се снима и 16-кракото сонце од Кутлеш во неговата црвена и сина (грчка) варијанта.

Па сосема оправдано се поставува прашањето кому во Австралија му смета македонското знаме, во земја во која неофицијално живеат над 200.000 Македонци по род, но и на турнир на кој по елиминацијата на Лина Ѓорчевска во квалификациите, нема ниту еден македонски тенисер.

Можеби донекаде е разбирливо за останатите знамиња, Палестина и Израел се во војна, Русија е во војна со Украина, Тајван се бори за својата независност со Кина и се уште не е официјално призната држава, но Македонија веќе 30 години е членка на ООН, сега и во НАТО, а фала му на Бога не е ниту во војна со некого. Навистина „одбрано“ друштво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести