Шампионот на Италија, Интер, со тешка победа се враќа од гостувањето против Удинезе. Интер победи со 2-3, иако можеше многу порано да го реши прашањето на победникот, сепак на крајот дозволија драма, која заврши среќно за нив.
Давиде Фратези со гол уште во првата минута го донесе Интер во водство, но Кристиан Кабаселе израмни на 1-1 во 35-тата минута. Сепак, Интер на пузата замина со предност, откако Лаутаро Мартинес погоди во третата минута од продолжението.
После само две минути во второто полувреме, Лаутаро Мартинес повторно погодову, овојпат за водство од 1-3. Сепак, домашните не се предадоа, па преку Лоренцо Лука во 83-тата минута намалија на 2-3, што на крајот се покажа и како конечен резултат на овој меч.
Со оваа победа Интер дојде до 11 бода, колку што имаат и Торино и Милан, но екипата од северот на Италија еден натпревар помалку.