На Куртоа му е изваден дел од менискусот, дефинитивно ова е крај на сезоната за него

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, имаше успешна операција на внатрешниот менискус во десното колено и наскоро почнува со рехабилитацијата која се прогнозира дека ќе трае околу два месеца.

Ова значи дека Белгиецот нема да брани за Реал до крајот на сезонава, а од претходно кажа и дека нема да настапи на Европското првенство, па по пузата, првиот настап меѓу стативите би можело да го има летово, за време на подготовките.

Куртоа ги скина предните вкрстени лигаменти во левото колено пред почетокот на сезоната, паузираше 6-7 месеци, беше на пат полека да почне да се враќа, тренираше нормално, но на тренинг го повреди другото, десно колено, а овојпат стануваше збор за проблем со менискусот.

- Оглас -

Најнови вести