На лацијалите сè им оди од нога, Сергеј даде гол од невозможна позиција (Видео)

Лацио викендов го пречекува Интер во дербито на Серија А, а со победа римскиот тим може да избие на прво место на табелата, и фудбалерите на тимот на тренерот Симоне Инѕаги покажуваат дека се во форма. Лацио е на само бод позади Интер и Јувентус, и неочекувано трката за титулата ја направи интересна, со три учесници во битката.

На еден од последните тренинзи на лацијалите, Сергеј Милинковиќ Савиќ беше снимен како постигнува гол со трик шут и голема ротација, од исклучително тешка позиција, од далеку зад гол и со висока ограда како пречка.

- Оглас -

Најнови вести