На Лацио како да му е поважно Лече да избори опстанок, отколку тој самиот да игра во ЛШ

Лече со ремито од 2-2 на гостувањето кај Лацио, освои значаен бод кој му помага да избори опстанок во Серија А, но Морнарите може да бидат и незадоволни од исходот бидејќи Небесносините на 2-2 изедначија во 95-та минута.

Лацијалите поведоа со гол на Чиро Имобиле, негов прв лигашки на „Олимпико“ после пауза од дури 243 дена (од 11-ти септември немаше дадено гол на домашен терен), и одиграни 612 минути без гол во Рим, но гостите направија пресврт.

Двоен стрелец беше Реми Уден, кој стана трети Французин после Пол Погба и Тјери Анри, кој дал два гола против Лацио во Рим.

Во финишот, Сергеј Милинковиќ-Савиќ му донесе бод на Лацио кој останува во трка за место во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести