Лацио е заинтересиран за францускиот напаѓач Оливие Жиру, со кого би ја засилиле конкуренцијата во нападот во кој доминира првиот стрелец во Серија А, Чиро Имобиле.
Римските Орли би го купиле 33-годишниот играч на Челзи, но зделката зависи од тоа дали Дрис Мертенс од Наполи ќе замине во редовите на лондонските Сини. Ако Мертенс заврши во Челзи, Жиру ќе биде пред преселба во Лацио. Жиру сезонава играше само на шест меча и не даде ниту еден гол. За него имаше интерес и од Интер, но ако си замине од Челзи во текот на денов или утре, следна дестинација ќе му бидат Вечниот Град и тимот кој изненадувачки е во трката за титулата во Италија.