На Малта прогласија шампион, па славениците направија хаос на улиците (Видео)

Фудбалската сезона на Малта е завршена по административен пат на 18 мај, а вчера се донесе одлука за шампион за сезоната 2019/20 да биде прогласен клубот Флоријана. За Флоријана ова е 26-та титула и се изедначи со Слиема, а Валета има 25, па мртвата трка за најуспешен клуб во историјата на фудбалот во Малта е многу интересна.

Пред прекинот на првенството, Флоријана имаше три бода повеќе од Валета. Валета загуби на последниот меч пред прекинот и тоа скапо ја чинеше. На тој начин, Флоријана оди во квалификациите за Лигата на шампионите.

Корона-вирусот не им може ништо на фановите на Флоријана, или барем така мислат тие. Славењето на улиците беше големо и траеше до ноќта. Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести