На Маракана „падна“ и легендарниот Буфон, навивачите паднаа во транс (Видео)

Црвена Ѕвезда не успеа да направи нова сензација и загуби на свој терен од Пари Сен Жермен. За „црвено-белите“ ова беше прв пораз пред своите навивачи во ЛШ сезонава. Претходно на стадионот „Рајко Митиќ“ четири екипи во квалификациите не можеа да победат, а и Наполи (0:0) и Ливерпул (2:0), ја почувствуваа моќта на стадионот на поранешниот европски првак.

ПСЖ успеа да слави во Белград, но за еден момент вредеше да се биде навивач на Ѕвезда на популарната „Маракана“. Тоа беше моментот кога Ѕвезда даде гол и намали на 1:2, а топката од својата мрежа ја извади и легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон.

https://dai.ly/x6ysm5k

- Оглас -

Најнови вести