На Мбапе паметот му е во Мадрид: Среде гала-вечера со тимот на ПСЖ, тој гледаше Реал – Атлетико! (Видео)

Килијан Мбапе синоќа среде гала-вечерата по повод еден хуманитарен настан, на која присуствуваа сите фудбалери на ПСЖ, беше „фатен“ како гледа Реал Мадрид – Атлетико Мадрид.

На снимката се гледа како Мбапе не е заинтересиран што се случува околу него, туку на телефонот го гледа неговиот омилен странски клуб, Реал Мадрид, кој го одби летоска.

До Мбапе седеше неговиот најблизок пријател Ашраф Хакими, кој е ексчлен на Реал, а и Мароканецот ѕиркаше во телефонот на Мбапе да види што се случува на куп-дуелот во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести