3340 Легија – Краковија (20.15 часот)
Тимовите од Варшава и Краков ќе се борат за трофејот во Суперкупот на Полска. Мечот ќе се игра во главниот град, домаќин е Легија, па затоа и им даваме мала предност. Краковија е во лоша форма и како резултат на тоа што е казнета со одземање на пет бода, во полската лига е претпоследна и има четири ремија во шест кола. Ниту Легија не блеска, во четири настапи има по две победи и порази. Во јули, кога Краковија гостуваше кај Легија, домашните победија со 2-0, а во нивните лигашки мечеви во Варшава од 2011 не било нерешено.
Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.78)
1275 Бохемијанс – Корк сити (18.45 часот)
Тука сè освен победа на домашните, би било изненадување. Боемите се втори на табелата во ирското првенство, имаат низа од три победи по ред, а Корк сити е непријатно изненадување бидејќи се наоѓа на последно место. Корк сити 14 месеци нема победа на гости, па тимот од Даблин, кој се бори за титула, е фаворит. Бохемијанс нема ниеден нерешен резултат во 14 кола, а традицијата на нивните пресметки најавува неефикасен меч.
Предлог тип: 1 & 2-3 (2.62)
6887 Шкотска У21 – Чешка У21 (18.30 часот)
Чесите немаат пораз во седумте досегашни кола, се покажаа како многу ефикасен тим, постигнаа 17 гола, а сега гостуваат кај тим со цврста одбрана. Шкотите на шест меча примија само два гола, исто колку и Чешка, но Шкотска е и многу неефикасна (пет дадени) за разлика од противникот. Овие две селекции се борат за првите две места во групата, заедно со Грција и Хрватска. Во октомври во Чешка беше 0-0, па затоа домашните не се без шанса, но не веруваме дека нема да има премногу голови.
Предлог тип: 0-2 (1.70)
6902 Србија У21 – Полска У21 (18.00 часот)
Полјаците се во многу подобра позиција, имаат двојно повеќе бодови од Србија, а и еден меч помалку. Србите во последните три кола освоија само еден бод, додека Полска оди на третата победа едноподруго. Полска е најефикасен тим во својата група и со Русија ќе води битка за првите две места. Првиот оди директно на ЕП, а вториот има шанса преку учинокот на најдобрите второпласирани од сите групи.
Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.70)
6906 Белгија У21 – Велс У21 (20.00 часот)
Белгија во овој циклус тргна со пораз од Велс. Тоа како да ги разбуди, па во следните четири меча имаа нерешено и три победи. Белгијците ќе сакаат да им се реваншираат на Велшани, кои често играат мечеви со малку голови. Велс нема ниедно реми, или победува или губи, претпоставуваме дека така ќе биде и овојпат. Белгија има бод плус во однос на втората Германија и нерешено нема да ги задоволи.
Предлог тип: T1 1+ I & 1+II (1.78)
Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:
Јапонија – Камерун ГГ прво/второ (2.70)
Легија – Краковија Краков Т1 1+I & Т1 2+ (2.30)
Ајндховен – Ексцелзиор Х2 & 3+ (1.95)