На местото на Перишиќ, во Хајдук пристигнува друг хрватски ас

Поранешниот хрватски репрезентативец Анте Ребиќ е блиску до потпис во Хајдук. Веќе десетина дена се шпекулира дека Ребиќ може да го облече дресот на Хајдук, а сега треба да стигне и потврда за овој договор.

Ребиќ моментално е без клуб откако доби отказ од Бешикташ, па Хајдук не треба да му плаќа отштета никому. Во Хајдук е возбудливо изминатиов период откако вчера беше потврдено дека е раскината соработката со Иван Перишиќ, и тоа поради недоразбирање со тренерот Џенаро Гатузо.

Ребиќ како тинејџер започна во тимот на РНК Сплит, а потоа во 2013 година беше продаден во Фиорентина за 4,5 милиони евра. Од тој трансфер, цели 11 години Ребиќ играше во странство, и тоа освен во виолетовиот дрес, беше дел и од екипите на Лајпциг, Верона, Ајнтрахт, Милан и Бешикташ.

За репрезентацијата на Хрватска одигра 42 меча и имаше свој придонес во освојувањето на среброто на Светското првенство во 2018 година во Русија. Неговиот репрезентативен статус заврши по Европското првенство во 2021 година, кога јавно на социјалните мрежи го критикуваше селекторот Златко Далиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести