Младата ѕвезда на Реал обвинета за детска порнографија, може да заврши пет години во затвор

Младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Раул Асенсио, сезонава се промовираше во еден од играчите кој треба да биде иднина на Кралскиот клуб. Тренерот Карло Анчелоти, кој има големи проблеми во дефанзивата, довербата му ја даде на Асенсио, а тој одлично ја користи. Дефанзивецот кој има само 22 години играше и синоќа на гостувањето кај Манчестер сити и беше одличен.

Сепак постои проблем за Асенсио и тој не е поврзан со фудбалот. Има проблеми со законот откако беше обвинет за дистрибуција на видеоснимка на која има 16-годишно девојче. Одбраната на Асенсио бараше случајот да биде затворен, но според „Ел Паис“, тоа нема да се случи.

Наводниот инцидент се случил во јуни 2023 година во Гран Канарија, каде што Асенсио заедно со уште тројца играчи снимале сексуален однос со две девојки, од кои едната била малолетна. Обвиненијата за Асенсио се дека вршел ширење на тоа видео преку апликацијата WhatsApp.

Неговата одбрана тврди дека не постојат доволно докази затоа што видеозаписот не е пронајден за време на истрагата. Сепак, судот го отфрли барањето за прекинување на случајот затоа што постоеле „разумни индикации“ за вмешаност на фудбалерот на Реал Мадрид.

Ако биде прогласен за виновен и осуден, Асенсио може да се соочи со затворска казна во траење од пет години.

- Оглас -

Најнови вести