На Мората пак му мереа сантиметри, еден гол важи, еден му поништија (Видео)

Алваро Мората повторно беше на проверка со ВАР системот и по трите поништени голови против Барселона во Лигата на шампионите, конечно постигна регуларен гол, иако потоа против Специја судијата Абисо му поништи уште еден погодок.

Шпанецот постигна погодок во 14. минута, а се мереа сантиметри дали Мората е во офсајд по асистенцијата на Мек Кени, но ВАР потврди дека нема офсајд.

За да биде уште почудно Мората десет минути потоа постигна уште едне гол, но беше поништен поради офсајд, па сега има дури пет ситуации во кои од почетокот на сезоната постигнува голови, но беа поништени поради недозволени ситуации.

Еден гол не му важеше за победа против Кротоне, потоа дојде чудниот случај со три поништени погодоци против Барселона и денеска со еден против Специја.

- Оглас -

Најнови вести