На Муслиу не му е работа да дава голови, ама знае да погоди за победа

Македонскиот репрезентативен дефанзивец, Висар Муслиу, вечерва го постигна својот втор гол во дресот на МОЛ Фехервар, и со тој погодок, на својот тим му донесе три бода со кои се искачија на првото место на табелата во унгарското фудбалско првенство.

Муслиу во 66-та минута даде гол на дуелот против Дебрецен, и тоа беше гол за водство од 2-1, резултат кој остана до крајот на средбата. Во тимот на МОЛ Фехервар, сите 90 минути ги одигра и македонскиот играч за врска Бобан Николов, кој доби жолт картон.

Со голот, Муслиу ја продолжи низата на македонски фудбалери кои викендов дадоа голови во странски лиги. Погодуваа уште Тричковски, Јаховиќ, и Алиоски.

- Оглас -

Најнови вести