14.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

На МЗТ на Велики петок му треба полна сала во мечот на годината, влезот слободен!

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром донесе одлука да не се наплаќаат влезници за натпреварот од АБА-лигата в петок и ги покани сите љубители на кошарката да му помогнат на тимот да победи против Цибона и со тоа да дојде на чекор од избегнување на директно испаѓање од јадранската лига.

„Нашите момци в петок (14 април), против Цибона (18 часот) го играат последниот меч од регуларниот дел од сезоната во АБА, во кој победата е задолжителна за да останеме во игра за опстанок во јадранската елита. За такво нешто ќе ни биде потребна вашата помош од трибините. Ова е идеална можност да покажеме колку е голема симбиозата помеѓу Аеродром и МЗТ Скопје Аеродром, но и колку останатиот дел од градот и од Македонија веруваат и уживаат во настапите на сино-белите кошаркари.

Затоа на Велики петок сите патишта нека водат кон ‘Јане Сандански’. Трибините нека бидат исполнети до крај и нека ечи песната на нашите навивачи. Заедно секогаш сме посилни, а сплотени секогаш победуваме! Ова нека биде спектакл во предвечерјето на големиот празник Велигден, голем хепенинг со заедничка радост на крајот.

ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН!“, објавија од клубот.

 

- Оглас -

Најнови вести