На некои им пречи танцувањето на Бразилците, на некои не, и Хрватот Ловрен се изјасни на таа тема!

Централниот дефанзивец на хрватската фудбалска репрезентација, Дејан Ловрен, рече дека не би му пречело ако после гол против неговиот тим, бразилските фудбалери прославуваат со танцување.

Повеќето Бразилци после постигнат гол играат самба, а Ришарлисон го има патентирано „танцот на гулабот“. Многумина мислат дека Бразилците претеруваат со тоа што танцуваат после секој гол, некои тоа го сфаќаат како провокација, но не и Ловрен.

„Може да прават што сакаат. Не мислам дека е непочитување на противникот со тоа што играат. Сè си има свои граници, но јас знам Бразилците како дишат, таков им е стил на живот, со песни и танци, и тука не гледам ништо негативно“ – вели Ловрен.

- Оглас -

Најнови вести