На новиот дрес на репрезентацијата на Србија ќе се најде и ликот на Синиша Михајловиќ

Италијанците објавија, а Србите пренесоа вест дека на новиот дрес на српската фудбалска репрезентација ќе има и силуета со ликот на покојниот Синиша Михајловиќ, поточно неговата карактеристична поза додека изведуваше слободни удари.

На Орлите им заврши договорот со „Пума“, а нов технички спонзор најверојатно ќе им биде италијанскиот „Макрон“ од Болоња, град во којшто и Михајловиќ остави длабок печат, работеше како тренер на тимот Болоња и таму се лечеше од леукемијата.

Тоа би бил еден од најемотивните дресови во историјата на српскиот фудбал и идеја каква не е видена во светот на фудбалот. Српските фудбалери првпат во овие дресови треба да се појават во март, во баражот против Австрија за опстанок во Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести