На новиот играч на Барса идол му е Дани Алвес, но далеку е од неговото ниво (видео)

Новиот десен бек на Барселона, Сержињо Дест, денес беше промовиран на „Камп ноу“ откако го комплетираше трансферот од Ајакс за сума од 21 милион евра. Американскиот бек посочи дека идол му е Дани Алвес, ексиграчот на Барса, но според она што го покажа на презентацијата е далеку од нивото на клупската легенда.

Дест се обиде да жонглира со топката, но се посрамоти, па за крај последниот обид да направи мала атракција му успеа.

Како и да е, Дест ќе има прилика да го покаже својот талент и потенцијал на теренот.

- Оглас -

Најнови вести