8.8 C
Skopje
среда, 7 јануари 2026

На Островот на повидок е чудо кое не е видено 41 година

Во шкотското првенство повеќе од четири децении доминираат двата најтрофејни клубови Ренџерс и Селтик. Делува неверојатно, но овие два клуба заедно имаат точно 110 титули во шампионатот, по 55 секој од тамошните гиганти.

Последен пат некој друг клуб бил шампион во далечната 1985 година, кога Абердин под водство на Сер Алекс Фергусон стана првак на Шкотска. По таа титула, Фергусон направи трансфер во Манчестер јунајтед каде испиша историска бајка во англиското првенство.

По титулата на Абердин, следуваат 41 години во кои само Селтик и Ренџерс ја освојувале титулата. Оваа неверојатна доминација може да биде прекината оваа сезона. Екипата на Хартс сезонава игра одлично и моментално е на првото место на табелата со солидни шест бодови повеќе од Селтик и од Ренџерс.

Хартс последен пат бил шампион на Шкотска бил пред 66 години, односно во далечната 1960 година. Хартс вкупно има четири шампионски титули, што го прави трет клуб по успешност во Шкотска.

- Оглас -

Најнови вести