На овие три меча денеска немојте да барате голови!

По возбудливиот викенд со многу мечеви, денеска понудата е помала, но сепак може да се одиграат интересни комбинации. Во Кипар и во Ерменија се играат по два меча од најсилните домашни лиги, а токму таму може да пронајдете две средби на кои едноставно не може да очекуваме да има многу возбудувања и погодоци. Во француската втора лига има еден меч, но токму таа лига е позната како „тешка“ за голови.

Урарту е домаќин на Пјуник во шестото коло, во дуел на две екипи од средината на табелата. Кога играат овие клубови, традицијата вели да не се очекуваат многу голови. На шест од последните осум дуели едноставно било сиромашно со голови. Три меча завршиле 0:0, трипати било 0:1, а само на два меча можеле да се видат едвај три погодоци.

Да има 0-2 гола на овој меч, во понудата на Sport Life коефициентот е 1.58, додека за похрабрите 0-1 гол носи квота од 2.80.

АЕЛ Лимасол стартува во кипарското првенство, и тоа против Пахос. Ако се погледнат последните 10 меча на овие два тима, јасно е дека и тука не треба да има многу погодоци. Дури осумпати завршило со 0-2 гола (трипати било 1:0, двапати по 2:0 и 0:1, а еднаш завршил 0:2). Тоа значи дека осумпати било и НГ комбинација, односно еден од двата тима да не даде погодок. За да биде сега НГ, квотата во Sport Life е 1.65, додека за 0-2 гола е 1.57.

Ле Авр е домаќин на Тулуз во Франција 2. Тулуз е лидер со 16 од можните 18 бода, а Ле Авр е тимот со најдобра одбрана и слаб напад, па во шест меча, гол-разлика 5:3. Освен актуелната форма, традицијата вели дека овие два клуба не се атрактивни за гледање кога играат меѓу себе.

Во последните 30 години одиграле 15 меча, а тоа што е впечатливо е дека дури на 13 немало повеќе од два гола. Сега да биде 0-2 гола, коефициентот е одличен, па овој меч може да се спои со средбите од Ерменија и Кипар, на кои исто така не треба да се очекуваат погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести